Уште не ја знаеме вистината … Две години од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица
енеска се навршуваат две години од кобната автобуска несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани, а седум беа повредени. Истрагата е завршена,а според бугарските власти и бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.
Македонското обвинителство потенцираше дека несреќата се случила на територија на друга држава и дека истрагата ја водат нивните бугарски колеги. Тие можат да помогнат само по барања за меѓународна правна помош.
Пет семејства на загинатите преку адвокатски тим од Бугарија веќе ја оспорија истрагата на тамошните институции.
Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Непосредно пред клучката Бошнек, тој излета од коловозната лента, удри во заштитната ограда, а потоа се запали при што загинаа 45 лица, од кои 13 беа деца.
Во Македонија веќе почна судски процес против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци. Само за една година, со лажна јавна исправа, автобус на „Беса транс“ 20 пати ја преминал државната граница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…