Среде бел ден со пиштоли ограбена менувачница во Тафталиџе

t

Вооружен грабеж се случи попладнево во скопската населба Тафталиџе 2.

Две лица со употреба на оружје зеле пари од менувачница која се наоѓа веднаш зад студентскиот дом „Гоце Делчев“. Според информациите тие влегле во менувачницата вооружени и откако на вработената ѝ се заканиле дека ќе пукаат во неа ја натерале да им ги даде парите.

Од МВР за „А1он“ го потврдуваат случајот.

“Околу 13.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во менувачница на подрачје на општина Карпош две лица со закана со оружје од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР.

Се уште нема точни информации колкава сума на пари одзеле крадците. Веднаш на терен излегла полицијата и се превземаат мерки за расчистување на случајот. Жената која работела во менувачницата не е повредена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…