Партизан на батерии: Максо поднесе кривична пријава за непознат сторител, а сопственикот на музејот на УЧК се сликаше со Ахмети

t

Градоначалникот на Куманов, Максим Димитриевски како што објави Инфомакс поднесе кривична пријава за музејот на УЧК. Иако сторителот на кривичното дело, Димитриевски одлично го познава сторителот, пријавата која ја поднел преку општина Куманово е за Н.Н. сторител, односно против непознат сторител иако е јавно познато чиј е музејот, кој градел на таа парцела.

Имено не само што се знае кој го направи музејот на УЧК туку од лицеот има и фоторграфии заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

И самата објава на Димитриевски на Фејсбук потврдува дека градоначалникот на Куманово и претседател на партијата ЗНАМ го нема посочено сторителот на кривичнот одело, а дополнително пријавата не е за содржината на музејот туку за „бесправно градење“.

-Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело Узурпација на недвижности од член 225 став 2 од КЗ и кривично дело Бесправно градење 244-а став 1 од КЗ. Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар. Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно постапување, пишува Димитриевски на Фејсбук.

Да се потсетиме дека Димитриевски немаше ништо против Договорот со Бугарија кога истиот се потпишуваше, за сега да гради политичка кариера на односите Македонија – Бугарија.

Димитриевски понатаму даде и отворена поддршка за промена на името иако сега глуми националисти и патриот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…

Царинската управа во 2025 година собрала над…

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…