Русија до Германија: Никој нема да ја нaпaднe Украина, не дpаматизирајте
Русија ги отфрли заканите од Германија дека нема да го пушти во употреба контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ во случај на руска инвазија на Украина.
Прашањето за гасоводот не требаше да се драматизира, изјави заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, за списанието за надворешна политика „Международна жизн“.
Никој нема да ја нападне Украина – рече тој.
Тој го обвини Западот дека го користи гасоводот од Русија до Германија како адут за преговори и средство за притисок врз Москва.
Новата германска министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, изјави дека во случај на руски напад врз Украина, работата на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ на Балтичкото Море меѓу Русија и Германија ќе биде забранета.
Со недели извештаите за наводните руски подготовки за инвазија на Украина предизвикуваат меѓународна тревога. ЕУ и НАТО ѝ се заканија на Москва со тешки последици во случај на воена ескалација.
Москва бара да се стави крај на проширувањето на НАТО кон исток, што го гледа како закана. Вклучувањето на Украина во НАТО и распоредувањето можни ракетни системи во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност, изјави руски претставник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…