Петковиќ: Курти да не се грижи за Србите во Косово
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, во врска со изјавата на косовскиот премиер Албин Курти „ако Србија беше заинтересирана за Србите, ќе гласаше за напредокот на Косово“, рече дека Белград ќе продолжи да го одржува мирот и секогаш ќе биде со својот народ во Косово.
Петковиќ на платформата „Х“ додаде дека Курти никогаш нема да може да ја раскине нераскинливата врска меѓу Србија и нејзиниот народ.
„Само Курти нека не се грижи за Србите, кои ги апси без докази, пука, тепа, малтретира, забранува гласање… Белград ќе продолжи да го одржува мирот и секогаш ќе биде со својот народ на Косово. Курти никогаш нема да може да ја раскине таа нераскинлива врска“, изјави Петковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
(Видео) Пукна трпението во Горњи Милановац –…
Во знак на протест поради рестрикциите на…
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…