Мајката ќе одговара за лажната пријава дека ѝ исчезнало бебето
Кривично ќе одговара жената која вчера предизвика вистинска паника со тврдењето дека неколку дена не може да си го најде бебето на скопските клиники. Според обвинителството, против неа е покрената постапка за лажно пријавување на кривично дело и тие бараат од судот да и бидат одредени мерки – забрана за напуштање на живеалиште, обврска на осомничената да се јавува повремено на оределено службено лице и привремено да и се одземе патанта исправа и да се забани издавање на друга, велат од обвинителството.
Изчезнатото 5 месечно новороденче не постои, мајката лажела дека е трудна, а сопругот го пријавил случајот за изгубеното дете во полиција по тврдењата на сопругата – Вака завршија вчерашните целодневни проверки на полицијата на Детска и Гинекологија, кои предизвикаа немир и кај вработените и кај пациентите. Мајката синоќа беше приведена и има пријава против неа а министерот за внатрешни работи најави најжестока реакција на институциите.
– Беше направена проверка на Клиниката за Гинекологија и акушерство, проверка на Детска клника и проверка кај матичниот гинеколог на пријавителот. Се воспостави дека веста е лажна, жената е приведена и ќе сноси најголема одговорност. Апелирам за вести кои предивикуваат немир кај граѓаните да не се служи никој бидејќи ќе има најжестока реакција од институциите, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
За расчистување на случајот била ангажирана единицата за насилен криминал во МВР кои освен на скопските клиники детални проверки направиле и кај матичниот гинеколог на жената, каде било констатиано дека на преглед последен пат била во март годинава и не била трудна.
Драмата настана по пријавувањето на случајот во полиција за наводното исчезнување на бебето кое според исказите на сопружниците било пациент на детска. На оваа клиника имаше детална проверка на сите картони и такво бебе немале, додека, пак, на Гинекологија констатираа дека жената не била нивни пациент годинава.
Против сопругот нема пријава. Нема пријава против сопругот, а жената во полициска станица чека дали ќе има притвор за лажниот случај или ќе бидат одредени други мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…