Геровски потврдува дека Мицкоски ќе ги внесе Бугарите во Устав по избори!

t

Инфомакс повеќе месеци говори за планот за внесување на Бугарите кој Христијан Мицкоски го предложил во американската амбасада, а тој се темели на промена на Уставот по парламентарните избори со цел да се намали штетата врз ВМРО-ДПМНЕ на изборите кои по се изгледа ќе се случат на 8 мај наредната година.

Тој план меѓу другото предвидува внесување на Бугарите во Уставот веднаш по изборите без разлика дали е формирана или не Влада, а најверојатно како што пишува и новинарот Бранко Геровски ќе се оди на варијанта на широка коалиција по изборите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и двоецот ДУИ-СДСМ кои најверојатно заедно ќе настапат на парлментарните избори со заедничка листа.

Мандатар, односно премиер во оваа ситуција веројатно ќе биде оној кој што ќе има пратеник повеќе, а тоа најверојатно ќе биде двоецот СДСМ, ДУИ поради бројната предност која ќе ја имаат благодарение на заедничките листи.

Во суштина Геровски продолжува со коментирање на оние првични средби помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски на кој била договорана Владата без ДУИ која очигледно по консултации со странскиот фактор и поради внатрешна стабилност веќе не е опција.

По ексклузивната приказна на Плусинфо за разговорите на Зоран Заев, поранешниот премиер и претседател на СДСМ, со претседателот на партијата Димитар Ковачевски и со генералниот секретар Миле Зечевиќ, во кои Заев остро се спротивставил на намерата да учествуваат или да ја поддржат операцијата за обновување на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за да се создадат услови за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјата, дознаваме нови детали за случувањата на Бихаќка, пишува Геровски.

Ова се контурите на мастер планот според Геровски:

Ова се деталите на новиот мастер план
Ова се деталите на тој план што ги дозна Плусинфо.

1. Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски ќе се договорат парламентарните и претседателските избори да се одржат заедно, следната година во мај, при што како клучен термин се спомнува 8 мај.

2. Ковачевски и Мицкоски ќе се договорат да се укине Пржинската влада, под услов лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да не се противи Ковачевски да го исполни ветувањето премиерската фотелја во последните 100 дена да му припадне на Албанец избран од ДУИ. Тоа би било и условот Али Ахмети да го прифати укинувањето на Пржинската влада. Има само еден начин премиер да стане Албанец во ваква комбинација – тоа е Димитар Ковачевски да поднесе оставка од премиерската функција, по што би била избрана нова влада на чело со премиер Албанец. Мицкоски, во принцип, не би требало да има ништо против оваа рокада, која ионака би била на штета на рејтингот на СДСМ.

3. По оставката од премиерската функција, Димитар Ковачевски веднаш ќе поднесе оставка и на функцијата претседател на СДСМ, дознава Плусинфо. Се шпекулира дека Ковачевски веќе е во потрага по нов професионален ангажман, а се тврди дека најверојатно би заминал во САД. За Бојан Маричиќ, пак, би се нашол некаков професионален ангажман во Брисел.

Најголеми шанси да биде нов лидер на СДСМ има Оливер Спасовски. Има мислења дека токму Спасовски има потенцијал да ги обедини таборите во СДСМ и да ја предводи кампањата на изборите, заедно со повеќе партиски ликови како фронтмени во кампањата и со позадинската поддршка од Зоран Заев. Спасовски би бил претседателски кандидат само ако процени дека ќе победи, во спротивно СДСМ ќе се натпреварува со Стево Пендаровски.

4. Пред, а особено после изборите, од позиција на победник, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари полесна комуникација и кохабитација со СДСМ без Ковачевски на кормилото. Плусинфо ексклузивно пишуваше за контактите на Христијан Мицкоски со Зоран Заев кон крајот на 2022 година и за нивниот план за заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ после изборите. Дознаваме дека такви контакти во овој момент нема, но постои расположение да бидат обновени веднаш после изборите и по очекуваните промени во врвот на СДСМ.

5. Парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ треба да му донесат победа, со скор од 50 до најмногу 61 пратеник. Ако се случат очекуваните промени во СДСМ, но и ако дојде и до извесни кадровски освежувања во ДУИ, западните дипломати веројатно ќе ги охрабрат актерите после изборите да состават една широка, концентрациона влада, предводена од победникот Христијан Мицкоски, влада во која би имало место и за победникот во албанскиот политички блок.

Нема да биде лесно да се оствари таа цел, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на сцената разменуваат воинствена реторика, иако имаат и канали на нормална комуникација. После изборите политичкиот пејсаж во Македонија веројатно ќе биде значително променет: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник (кому му личи да му подаде рака на поразениот, како во бокс мечевите); СДСМ ќе биде без Ковачевски, веројатно и без Миле Зечевиќ и без некои други кадри, но затоа со нов лидер, со старо-нови фаци во раководството и со нови надежи; во ДУИ би можело да дојде до “ветинг” и до “зазеленување” на врвот; албанската опозиција би можела да се обедини; Левица веројатно ќе освои одличен скор на изборите, но и натаму ќе се радикализира, со амбиции да го понесе опозицискиот бајрак; во случај на неуспех на претседателскиот кандидат на СДСМ, би имале нов шеф на државата, најверојатно во ликот на Гордана Силјановска или во ликот на помладиот Александар Спасеновски… На политичката сцена ќе има нови ликови, со нови позиции и капацитети, а тоа е услов за креативна политичка игра.

6. Конечно, овој најнов мастер план почива и на еден факт што тешко може да се одрече – на Македонија ѝ е неопходна сериозна иницијатива за надминување на трагичната поделеност и на големите конфликти во општеството. Тие конфликти ги оневозможуваат реформите на секој план. Идејата дека предводник на намалувањето на конфликтноста и на помирувањето можат да бидат личности и партии без политички легитимитет, осилени само со поддршка од западните дипломатски кругови, конечно пропадна. Шансата да поведат такви иницијативи ќе им припадне на партиите и на лидерите победници на претстојните двојни избори. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ и за Христијан Мицкоски ќе биде достоен предизвик и можност за етаблирање на подолг период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…