Комисијата за заштита од дискриминација уште еднаш повтори дека ќе поднесе тужба до МОН

t

Игор Јадровски од Комисијата за заштита од дискриминација во вестите на „Сител“  рече дека ќе биде поднесена тужбата до граѓански суд против Министерството за образование и наука затоа што и покрај предупредувањата, се уште сите деца не ги добиле потребните ученици.

– По проверката дали има промени во состојбата со учебници за сите одделенија, од моментот на утврдување нема целосно нови учебници за сите, затоа ќе поднесеме тужба за да добиеме судска заштита, вели Јадровски.

Најмногу недостасуваат учебници по историја, македонски јазик, англиски јазик за некои одделенија, а и натаму учениците се служат со распаднати и стари учебници

Комисијата за заштита од дискриминација најави тужба уште од почетокот на октомври против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници.

Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска, рече дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици.

Бендевска рече дека овие ученици немаат пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници, па затоа Комисијата подготвува тужба против државата, односно Министерството за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци…

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт…

Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија…

Овој месец стотици студенти во државата останаа…

МОН воведе четбот за користење на електронскиот…

Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на…

МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од…

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше…

Левица: Министерството за образование како селска крчма

Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за…