Регулаторна: Цената на струјата ќе се пресметува еднаш годишно, наместо на 6 месеци – еве кога ќе има ефтина струја

t

Ова се дел од новите измени според кои повеќе нема да се прават корекции на цените во декември и јуни. Од РКЕ соопштија дека енергетските компании своите пресметки до нив ќе ги доставуваат до крајот на септември, па така домаќинствата веќе до крајот на ноевмри ќе знаат какви сметки ќе плаќаат од наредната година.

Тоа значи дека цената која треба да се соопшти до крајот на годинава, ќе важи за цела 2024та година. Но овојпат, наместо РКЕ, пресметката ќе ја прави Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоум. Сепак новите цени во блок тарифите, нема да стапат на сила доколку не добијат „амин“ од Регулаторите.

Од новините кои ги очекуваат граѓаните е и враќањето на дневната евтина тарифа која ќе стартува од наредната недела. Домаќинствата повторно ќе можат да ја користат од 13 до 15 часот. Останува ноќната од 22 до 7 наутро како и во недела цел ден.

Сепак за евтина струја преку ден ќе почекаат над 600 илјади домаќинства кои имаат стари броила. ЕВН нив треба рачно да ги менува.

„Броилата ќе се сетираат уште во првиот месец (декември), освен недостапните кои ќе се сетираат во наредниот период.“ ЕВН Хоме.

Во наредниот период треба да се избере и нов Универзален снабдувач, откко на ЕВН има истече 5 годишниот договор. Критериумите се веќе објавени, а дали повторно ЕВН ќе го добие тендерот најмногу ќе зависи од тоа каква профитна маржа ќе понуди. Пред некој ден министерот Бектеши кажа дека очекува повеќе понуди, но и пониска маржа од сегашната која е околу 11%.

Претходно од 2024

Нова цена на струја Нова цена на струја

(се носи во декември) 1 јануари (се носи во ноември) 1 јануари

(се носи во јуни) 1 јули

Дневна евтина тарифа на струја

Понеделник до сабота 13 – 15 часот

Понеделник до сабота 22 – 07 часот

Недела – цел ден

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…