Левица прашува како добиле дозвола за складирање токсични материјали во с. Фалише по пожарот со токсични гасови

t

Изгорениот магацин во тетовско Фалише предизвика огромна еколошка катастрофа и аерозагадување, а локалните жители, освен во димот и загадувањето, останаа заробени и во апсурдот на неспособноста и неможноста на владејачката елита да го измери степенот на загадување. Bo големиот пожар што избувна во магацин на фирмата “Евроком” изгореа 100 тони пластика, бои и лакови.

Вработени од Министерството за животна средина излегоа на терен само за да констатираaт дека е ,,евидентно загадувањето на воздухот”, но дека тоа не може да се измери, бидејќи НЕМА Државна лабораторија co акредитирана метода. Односно, Државниот автоматски мониторинг мерел само загадување од испарливи неоргански материи.

Министерката за животна средина, Каја ШУКОВА и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов дадоа само препораки да не се излегува од дома и прозорците да бидат затворени, додека Тетово и околината со денови беа алармантно загадени, а неколку пожарникари беа и полесно повредени при гаснењето на огнената стихија.

Левица ИТНО бара одговори од градоначалникот на Тетово – Билал Касами, Министерството за животна средина и од Државниот еколошки инспекторат да се произнесат под кои услови дозволиле и издале Б интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина за складирање толку голема количина на лесно запаливи и токсични материи, без соодветен безбедносен проект од евентуални хаварии и без задоволителен противпожарен безбедносен систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…