Заврши кариерата на уште една Катица Јанева – Поднесена иницијатива за разрешување на Беса Адеми?!

t

Неофицијално член на Судскиот совет поднел иницијатива за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми откако преку медиумите наместо правна, Адеми водеше политичка битка со цел остварување на политички интереси на мала група на луѓе во држвата.

Иницијативата, според нивните извори, ја поднел членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа откако Беса Адеми поради своите јавно изнесени ставови беше повикана на разговор во Судскиот совет, но се се појави.

Додека членовите на Судски совет се подготвуваа да ја пречекаат со низа прашања претседателката на Врховен, Беса Адеми, остана во највисоката судска згради каде со „Коалицијата сите за правично судење“ потпиша меморандум за соработка.

Од Судски совет и испратија порака на Адеми дека и покрај нејзиното не појавување ќе продолжат да испитуваат дали и врз кои врховни судии и кој вршел притисоци и влијанија. Претседателот на судски со уште два члена од редот на судиите уверуваат дека претседателката на највисокиот суд ја повикале на работна средба за нешто што се надлежни, а тоа е гарантираат независнота на судиите.

Да се потсетиме дека со нејзиното непочитување на правосудните органи, Беса Адеми многу потсетуваше на однесување на Катица Јанева па тоа го отвори прашањето дали токму Адеми ќе биде новата Катица Јанева симбол за корупција и криминал наместо за правда и праведност.

Да не заборивме дека медиумите во март 2016 година објавија наслови „Катица Јанева: Не одам во Собрание и во Советот, нека достават забелешки на извештајот ако имаат“, став кој многу потсетува на овој на Адеми.

Во суштина се започна со еден текст на Инфомакс во кој според нашите информации Зоран Заев, бизнисмени и луѓе блиски до Мицкоски правеле се за да влијаат на една и единствена одлука на Врховниот суд за аболицијата на Иванов. Суштината на овој притисок како што напишавме и тогаш е обидот на Заев, Мицкоски и македонската олигархија да го продолжи прогонот против екс-функционерите на ВМРО-ДПМНЕ меѓу и екс-премиерот Никола Груевски.

Неколку дена подоцна Адеми се огласи во јавност посочувајќи дека врз неа и судии во Врховниот суд се вршел притисок, без притоа да каже кој го правел притисокот и од која причина. Врховиот суд потоа го посети и американската амбасадорка Агелер и испрати порака – Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки.

Во суштина се сведува на стравот на Заев и Мицкоски од можно враќање на Никола Груевски во Македонија и нивните обиди попречувајќи ја правдата и процедурите истото да го спречат.

Имено неодамна Стразбур имаше правно мислење дека за да може да одлучува за аболицијата на Иванов треба во Македонија да бидат искористени сите правни лекови меѓу кои е и оваа одлука на Врховниот суд која со години поради политички притисоци не беше на маса во судот туку веројатно во фијоката на Беса Адеми.

Токму Врховниот суд сега има одлична шанса да го спречи меѓународниот дебакл на Македонија и да ја спаси државата од плаќање на милионска оштета на лицата кон кои Заев очигледно со поддршка од Мицкоски спроведуваше политички прогон во државата. Пресудата на Стразбур се знае уште сега, никаде во светот не постои правна можност па по таа аналогија ниту во Македонија аболицијата да биде повлечена особено не под политички притисок. Не можат ниту оние кои добиле аболиција од истата да се откажат. Патем тоа го докажа и судот во Грција кој благодарение на аболицијата на Иванов и политичкиот прогон кој се врши во Македонија на двајца македонски поранешни разузнавачи, Грујевски и Бошковски им даде политички азил.

Мораме да споменеме дека уште една држава земја членка на Европската Унија, Унгарија му даде азил на екс-премиерот Никола Груевски поради политички прогоно во Македонија. Дури и судот во Шведска по однос на случајот 27 април му овозможи азил на Дејан Давидовски кваилификувај ги го случајот како бунт, а не тероризам земајќи во предвид дека во Македонија се спроведува политички прогон. Иако овој случај не е поврзан со оние кои ги аболицираше Иванон одлуката на шведскиот суд е одличен показател дека во Македонија се вршел политички прогон.

И Адеми наместо да ја спаси Македонија од срам и милионска оштета за сите прогонувани од СЈО и да ја спроведе правдата, Адеми реши да продолжи да води политика и тоа онаа политика на Зоран Заев во Македонија, политика која резултираше со кривични постапки за над 300 функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а повеќе од 3 илјади членови на партијат беа маткани по судови по еден или друг основ.

Прашањето е зошто Адеми се одлучи на ваков ризик, а тука на ред доаѓа имотот со кој таа и нејзиното семејство лично располагаат.

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми целата своја професионална кариера ја има поминато во институциите, односно целиот свој живот егзистенцијата ја обезбедувала со државна плата.

Иако таа целиот живот го поминала во државната администрација зачудува богатството со кое што располага Беса Адеми.

Според првичните проценки, имотот со кој што располага Беса Адеми вреди и до милион евра, пари кои тешко се зараборуваат во државна служба. Најиндикативно во нејзиниот анкетен лист е тоа што како имот на брачен другар пријавува орочен денарски депозит во висина од 160 000 евра, а освен тоа ја пријавува и формата ТП Атиља Адеми – Скопје за која не доставува буквално никакви податоци. Нема податок колку е вредна фирмата во сопственост на нејзиниот брачен другар,, нема податок со кои други фирми е поврзана, нема податок со какви дејности се бави.

Дали Беса Адеми тоа го сторила намерно за да помага во судски процеси на парнерите на нејзиниот брачен другар или од правна неписменост треба да утврди Судскиот совет и ДКСК.

Дали прикривањето е мотив заради кој што Адеми одлучува да не го пријави, односно да задоцни со пријавувањето по нејзиното именување на претседател на највисокиот суд не е утврдено, бидејќи ДКСК единствено и изрекла прекршочна казна и со тоа го затворила предметот.

Еден од двата луксузни станови на Беса Адеми во Скопје, според пријавеното во анкетниот лист, исто гласи на името на нејзините деца. Модус операнди идентичен како кај Катица Јенва. Без никакво дополнително објаснување од каде децата на Адеми заработиле толкава сума пари, претседателката на Врховниот напишала во анкетниот лист дека станот кој со гаражниот пристор изнесува околу 170 квадрати е купен во 2020 без да се наведе која е неговата цена.

Суштината е дека и во овој како и во случајот со Катица Јанева, актерите се речиси исти, односно Зоран Заев нарачува, Мицкоски поддржува, а лице во правосудните органи го спроведува политичкиот прогон. И во случајот со Адеми имаме имот за кој не е познато потеклото, имаме непочитување на правосудните органи и процедури и постапка за разрешување како што впрочем првично започна расчистувањето на македонската држава со Катица Јанева. Прашањето кое се наметнува е дали овие две „челични дами“ со длабок џеп ќе ја имаат буквално истата судбина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…