ЛДП за симнатото знаме: Доста е со намерни провокации и варварски чинови

t

Либерално демократската партија најостро го осудува вандалскиот чин на симнување на знамето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од јарболот пред храмот Свети Наум Охридски, по што веднаш е поставено знаме на Албанија.

Ова е директен напад кон верниците, но и кон свештенството на МПЦ – ОА и претставува сериозен аларм во државата, особено кога некој се дрзнува да си игра со верските и националните чувства на граѓаните, велат од ЛДП.

Според нив, намерните провокации не придонесуваат кон соживот, толеранција и разбирање на различностите. Оценуваат дека како наближуваат изборите, најголем број од партиите ќе играат на нивната најсигурна карта, картата на национализмот и презирот кон сите и сѐ што е поразлично од нив.

„Ваквите немили настани се само еден дел од валкана игра, која одредени политички субјекти се подготвени да ја играат само за да се задржат или да дојдат на власт. Веруваме дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме и бараме од албанските политички субјекти да го осудат овој варварски чин и со тоа, да ги обесхрабрат идните потенцијални провокатори. ЛДП, како политичка партија каде членуваат и се застапени припадници на сите етнички заедници и религии, смета дека во едно мултиетничко општество треба да се дискутира како да се подобри состојбата во сите сектори на државата и таа да се издигне на рамниште на западноевропските земји“, се истакнува во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…