Пак апсење: Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Примање поткуп.

Како службено лице – помлад пазарен инспектор, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши.

Во првиот случај, при инспекциски надзор на 13 јуни, констатирал дека правен субјект нема регистрирано занаетчиска дејност, но за да не го констатира прекршокот од сопственикот побарал и примил 100 евра.

На 17 ноември, во деловен простор затекнал две лица кои вршеле берберска дејност без да бидат запишани во занаетчискиот регистар и од нив исто така побарал 100 евра за да не го констатира прекршокот на записник. Бидејќи тие во моментот немале толку пари кај себе, тој уште 2 пати се вратил во дуќанот и од нив примил по 3.000 денари.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Под мотото „Чувари на верата и македонскиот…

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија…

САД повлекуваат дел од дипломатите од Блискиот…

Соединетите Американски Држави го намалуваат дипломатскиот персонал…

Над 1.400 прекршоци за 10 дена во…

Системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Дебар…

Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…

Протести во Чешка поради промени во финансирањето…

Неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да…