Работевме со ентузијазам, потсетува Груевски: “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН”, проект кој “ја вдоми” Македонија
Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук потсетува на проектот на Владата на Република Македонија, предводена од Груевски, насловен како “купи куќа, купи стан”, кој имаше неколку подваријатни, а имаше за цел одезбедување на дом за секој граѓанин на Македонија.
Во продолжение, ја пренесуваме во целост објавата на Груевски:
“КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН”, “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ ДО 35”, “КУПИ КУЌА ЗА НАД 36”, кофинасирање на владата кон општините на комунална ИНФРАСТРУКТУРА за градење куќи меѓу 75% и 90%, приватизација на ДВОРНО МЕСТО по 1 евро квадрат
Зошто запреа овие проекти со смена на власта? Има ли логика? Има ли замена за нив! Нема!
Каде се пренасочија парите кои беа одредени за оваа намена?
Има ли поважна работа да им се помогне на граѓаните да си обезбедат сопствен стан или куќа? Да им се овозможи на општините во новите населби со куќи да изградат, улици, водоводи и канализации.
Многу добри идеи и проекти кои беа вистинска грижа за граѓаните, по смената на власта исчезнаа.
Владата која ја предводев ги таргетираше приоритетните цели на секој граѓанин и семејство во Македонија во насочување на владината помош:
1.Вработување и отворање нови работни места,
2.Обезбедување живеалиште, куќа, стан и поволности за тоа и
3.Создавање подобри услови за повеќедетни семејства.
4. Полесно купување возило;
За оваа цел имавме многу проекти, а во овој текст ќе ја потенцирам втората точка и делумно третата.
Со оглед дека за отворањетото на нови 182 илјади работни места и растот на бројот на вработени во земјата од 560 илјади на 742 илјади пишував претходно, па фокус на овој текст нема да е на тоа. Со оглед на огромната невработеност која ја наследивме, највисока во Европа, ова беше цел од највисок приоритет.
Во делот на обезбедување сопствен дом, освен изградбата на државни станови преку ПУИК за доделување на лица приматели на социјална помош, деца без родители и други социјални ранливи категории на граѓани, како и нудење на поевтини станови за млади брачни парови воведовме специјални буџетски субвенции за млади до 35 години како подршка при нивното купување живеалиште.
1. КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН
Најпрвин во делот на помагање на граѓаните да купат живеалиште започнавме со овој проект.
Со проектот „Купи куќа, купи стан” им се овозможи на граѓаните под најповолни услови и на полесен начин да дојдат до сопствен дом.
Се одобрија над 30 милиони евра субвенционирани станбени кредити на приближно 1000 лица, за кои вкупните одобрени субвенции за двата модела изнесуваа над 6 милиони евра.
Се намалија каматите, и тоа, во првите три години наместо 4,9% каматната стапка изнесуваш до 3,95%, а во четвртата и во петтата година наместо 5,5% каматната стапка изнесува до 4,44%. Ова придонесе да се зголеми интересот за проектот при што само во 2015 година се одобра 340 одлуки за субвенционирање на станбени кредити.
Значајно е што во тоа време проектот придонесе за намалување на цените на становите кои се нудеа на пазарот на недвижности, додека банките ги намалија каматните стапки за станбените кредити за 3-4 процентни поени, со што истите се беа ја историски најниското ниво од околу 3%, што беше добра можност граѓаните да го решат станбеното прашање.
КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ
По неколку години забележавме дека и покрај можноста да се бира дали корисниците на поволностите ќе купат стан или куќа, во реалноста многу најчесто купуваа стан заради сложеноста во барање земјиште за куќа.
Во тие години паралелно се одвиваше и проектот за подршка на семејствата за создавање многудетни семејства. Во склоп на комитетот за демографија, се сподели едно истражување на светско ниво, според кое беше потврдено дека семејства кои живеат во куќа, се одлучуваат за многу повеќе деца одколку семејства кои живеат во стан. Куќите обично се поголеми, а за разлика од станот можат и да се доградат или надградат кога семејството ќе се прошири. Заради тоа одлучивме во иднина фокусот и поголем буџет да се предвидува за подршка за градење или купување куќи, а да се намали во делот на становите.
Така од почетокот на 2016 година започна со реализација и проектот „Купи куќа за млади”, со кој на младите лица до 35 години им се обезбедија одлични поволности да се стекнат со нов дом, но куќа.
Младите можеа да изберат од 2 модела и им се даваше можност да добијат НЕПОВРАТНИ СРЕДСТВА за да изградат или купат нова куќа, или доградба или надградба на куќа.
Првиот модел предвидуваше исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години, од кои во првите осум години Владата превзема обврска да субвенционира 80% од месечната рата, а во следните три години 50% од ратата. Субвенцијата за овој модел можеше да достигне до 33.000 евра за максимален кредит од 50.000 евра, што револаризирано по денешни цени после инфлацијата е околу 46.000 односно 70.000 евра.
Вториот модел предвидуваше исплаќање на субвенција во висина од 100% од средствата за учество во кредитот за стекнување со куќа, односно до 12.500 евра за максимален кредит од 50.000 евра, што револаризирано денес би било 17.500 и 70.000 евра.
Во јануари 2016 година, Собранието го усвои законот за проектот „Купи куќа за млади“, со што започна реализацијата на проектот.
Владата исто така обезбедуваше поддршка за граѓаните во насока на олеснување на начинот за стекнување со плац преку:
> Продажба на државно градежно неизградено земјиште од страна на општините по пат на јавно наддавање со почетна цена од 1 евро/м2;
> Финансирање на трошоците за изградба на водоводна, канализациона и патна ИНФРАСТРУКТУРА за локации на кои општините ќе испланираат најмалку 100 парцели за изградба на индивидуални станбени објекти (куќи);
Владата предвиде процент што ќе го кофинансира на општините за инфраструктура според број на жители во општината, вид на општина и др. и тоа 100% покривање на трошоците за комунална инфраструктура од страна на владата кон општините во рурални општини, 90% во општини до 20.000 жители, урбани општини од 20.001 до 40.000 жители 80% кофинасирање, урбани општини над 40.001 жител 75% кофинасирање на владата.
За жал промената на власта во 2017 година остави голем број проекти не реализирани бидејќи нивата власт не сакаше да подржи ваков проект.
Така на пример во ново изградената населба ЈАКА во општина Илинден, продажбата на многу парцели беше завршена, дел од беа почнато да се градат, а новата власт ги скрати предвидените пари во буџето кои требаше да се префрлат на општината за да ги извадат улиците, канализацијата итн таму. И ден денес луѓето таму се движат на калливи улици.
> Спроведовме проект за скратување на времето на чекање за добивање одобрение за градење преку издавање на одобренија по електронски пат;
> Спроведивме проект за намалување на трошоците за добивање на идеен проект преку доделување на бесплатни проекти обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски. За сето ова беа обезбедени пари во буџетот.
ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ДВОРНИ МЕСТА ЗА 1 ЕВРО ЗА КВАДРАТЕН МЕТАР
Заради повеќе цели, а пред се можност за доградби и надградби на куќи, овозможивме граѓаните да можат да го откупат дворното место на индивидуалните куќи и станбени згради по симболичната цена од 1 евро за квадратен метар. Проектот беше исклучително популарен кај граѓаните поради што рокот за приватизација го продолживме неколку пати и заклучно до 15 декември 2014 година беа поднесени над 300 илјади барања за откуп на дворно место. Најголем дел од предметите се решија во полза на граѓаните пред смената на власта.
Владата исто така обезбедува поддршка за граѓаните во насока на олеснување на начинот за стекнување со земја за градење куќа преку продажба на државно градежно неизградено земјиште од страна на општините по пат на јавно наддавање со почетна цена од 1 евро/м2 наменето за изградба на куќа;
КУЌА ЗА НАД 36
Овој нов проект кој го предвидовме во изборната програма во 2016 година е наменет за лицата со наполнети 36 години и над 36 години, а кои сакаат да дојдат полесно до сопствена куќа.
Помисливме дека не се само младите до 35 години кои немаат решено прашање на живеалиште-куќа.
Овие граѓани се предвидуваше да можат да изберат еден од двата модела за добивање неповратни средства за изградба или купување на нова куќа или надградба/доградба на постојна куќа:
> Првиот модел предвидуваше исплаќање на субвенции на месечната рата за изградба на куќа во период од 10 години, од кои во првите седум години Владата ќе субвенционира 65% од месечната рата, а во следните три години 35% од ратата;
> Вториот модел предвидуваше исплаќање на субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот.
Владата исто така обезбедуваше поддршка за граѓаните во насока на олеснување на начинот за стекнување со плац преку продажба на државно градежно неизградено земјиште од страна на општините по пат на јавно наддавање со почетна цена од 1 евро/м²;
И овој проект ги предвидуваше истите подршки на државата за финансирање на трошоците за изградба на водоводна, канализациона и патна инфраструктура за локации на кои општините ќе испланираат најмалку 100 парцели за изградба на индивидуални станбени објекти (куки), но и два типа бесплатни идејни проекти за градба на кучи и други олеснувања како во претходниот проект “…до 35 год”;
Така се работеше со полн ентузијазам, со многу состноци со министерствата и општините, обидувајќи се да решиме што повеќе проблеми на граѓаните, посебно на младите. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…