Захарова ја исмеа Бугарија: Можев ли да ја прелетам вашата земја без авион?

t

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека одлуката на бугарските власти да го затворат воздушниот простор за авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, доколку таа се наоѓа на него, е опасна глупост.

„Злобната глупост на русофобите доведе до тоа дека за прв пат во нашата историја официјалните власти не забранија авион на небото, туку човек во авион. Вака пишувало во официјалната белешка на бугарското МНР – авионот може да прелета над Бугарија, но Марија Захарова не може да патува со авион. Ништо не беше кажано дали можам да летам над Бугарија без авион или низ вселената“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа потсети дека воздушниот сообраќај е регулиран со одредбите на Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Според документот, „копнените територии и соседните територијални води“ се сметаат за територија на државата, додека воздушниот простор не е вклучен во тој термин.

Захарова појасни дека тие одредби требало да обезбедат непречен лет над територијата на Бугарија, без оглед на рестриктивните мерки на ЕУ.

„Тоа не е само глупост, туку опасната глупост на некој шегаџија во структурите на бугарската влада“, рече таа.
Исто така, предупреди таа, дејствијата на Софија се граничат со создавање опасен светски преседан врз основа на кој Русија може да ги преземе истите мерки против претставниците на НАТО кои се на „реципрочните стоп листи“.
„Дали тие размислуваа да направат опасен светски преседан? Не мислам така. Кој им даде право на неписмени функционери од Софија да го малтретираат бугарскиот народ? Инаку, веќе сме во Скопје“, рече Захарова.

Претходно беше соопштено дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во текот на ноќта допатува во Скопје на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ, што се одржува во Македонија. Тој патувал низ Грција.

Првично се претпоставуваше дека летот ќе се реализира преку Бугарија, која ја издаде дозволата за летот. Меѓутоа, бугарската страна одбила да дозволи прелетување на авионот на шефот на руското Министерство за надворешни работи доколку во него била Марија Захарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп се шегувал дека ќе го прогласи…

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека…

(Видео) Силен земјотрес го погоди брегот на…

Најмалку 20 лица загинаа, а шест се…

Денес се празнува Откривање и пренос на…

Кога злите Евреи го убија со камења…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне…

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан без струја,…

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се…