Османи: Останавме решителни да служиме како бранители на вредностите на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи го отвори министерскиот совет на ОБСЕ и во своето воведното обраќање ги повика присутните да постигнат консензус околу претседавањето на Малта.
Тој им посака добредојде на присутните делегации во градот каде се вкрстуваат различни култури и потсети на земјотресот од 1963 кога светот му помогна на Скопје.
„Имам три клучни пораки како претседавач. Македонија го презема ОБСЕ во време на активна војна и закана за европската безбедност и меѓународниот мир. Руската агресија врз Украина ги прекрши правилата на оваа организација и ја наруши европската и човечката безбедност, дијалогот и ги уништи животите на луѓето кои сакаат да живеат слободно и без страв од војна. Наместо колективниот интересен се постигнуваат себични национални интереси. Ова создаде тешка околина на делување и наспроти ова останавме решителни да служиме како бранители на вредностите на ОБСЕ и мнозинството од земјите членки го избегнавме дефетизмот и да ги претставиме предизвиците за постоењето на ОБСЕ. Успеавме да постигнеме релевантност на организацијата. ОБСЕ остана решително наспроти сите предизвици и продолжува да работи и да ги организира сите активности и да ја продолжува мисијата наспроти сите предизвици. Неколку мисии продолжуваат да помагаат во регионите и активно се вклучивме во сите региони, наспроти тешките конфликти во Украина и Блискиот Исток. Мора да го зајакнеме ОБСЕ за иднината. Ќе продолжиме да нудиме решенија за овие критични предизвици и мило ми е што најдовме претседавач за 2024“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто,…
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме…
За еден месец се регистрирани 11 нови…
За еден месец во земјава се регистрирани…
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…
Затвореник избегал на пауза од судење во…
Затвореник од затворот во Штип во текот…
Клиника за ин витро во Северен Кипар…
Клиника за ин витро во Северен Кипар…