(Фото) Срдечна средба на Лавров и Дачиќ во Скопје

t

На самитот на ОБСЕ во Скопје денеска имаше срдечна средба меѓу шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Судејќи по моментот кој го уловија камерите на западните агенции, српскиот дипломат застанал до својот руски колега додека се движел кон своето место во салата каде се одржува пленарната седница на Советот.

Како што може да се види од мимиките на видеото, таа средба се одвивала на пријателски начин.
Како што е најавено, шефот на руската дипломатија во Скопје се очекува да има многу густ распоред и интензивна работа во рамките на сесијата на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје, како и низа билатерални средби.

Сличен распоред има и шефот на српската дипломатија, кој во Скопје ќе потпише заедничка изјава со шефовите на дипломатиите на земјите од Југоисточна Европа за борбата против корупцијата.

Во пресрет на Самитот на ОБСЕ, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на ЕУ и на Обединетото Кралство Џозеп Борел и Дејвид Камерон синоќа присуствуваа на неформална вечера во Скопје, по што сите тројца побрзаа да ја напуштат Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…

Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…

„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…

Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…

Трамп вечерва го собира својот тим за…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…

Путин предупредува: Постои зголемен ризик од глобален…

Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски…

Македонија повторно горда: Парада на гордоста во…

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во…