Будимпешта: Ќе ја продолжиме соработката со Русија и покрај надворешните притисоци
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека неговата земја ќе продолжи да соработува со Русија без оглед на надворешните притисоци. Тој изјави и дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го уверил дека испораката на гас од Русија за Унгарија се одвива според планот и така ќе остане.
Сијарто и Лавров се сретнаа на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.
Унгарскиот министер посочи дека официјална Будимпешта надворешната политика ја гради врз основа на националните интереси и не прифаќа притисок однадвор и затоа ќе ја продолжи соработката со Русија во областа на енергетиката, како што беше досега.
„Во врска со испораките на природен гас и нафта, Лавров ме увери дека Русија и руските компании целосно ги исполнуваат и ги почитуваат договорите што ги имаме. Сите испораки се одвиваат според планот и така ќе останат“, рече Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…