Левица: Касами повика на рушење на уставниот поредок – ОЈО итно да постапи

t

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен коалиционен партнер на ДПМНЕ во советот на Тетово, Билал Касами, честитајќи го Денот на знамето на Албанија, упати јасна иредентистичка порака, каде изјави дека Македонија ќе стане трета албанска држава.

Политичката партија Левица коментира дека изјавата претставува своевидна кулминација на долгата низа крајно националистички, етнотрибалистички и максимално сецесионистички ставови и дела на т.н. албански политички партии во Македонија по повод Денот на албанското знаме.

„Додека во Уставот е јасно наведено дека Македонија нема територијални претензии и дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави – иредентисти како Касами отворено го подриваат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија. Затоа, ваквата заканувачка изјава не смее да наиде на молк од страна на Јавното обвинителство кое го повикуваме да отвори предмет за сторени кривични дела: Повикување на насилна промена на уставниот поредок и Загрозување на територијалната целина“, велат од Левица.

Јавно ги повикуваат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ја осудат оваа изјава на Билал Касами и да објаснат на македонските граѓани – како со вакви сецесионистички албански политички партии, кои отворено ги искажуваат своите ставови за отцепување од Македонија и креирање на Голема Албанија, можат да коалицираат и да „планираат европска иднина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: ЏАБЕ ќе ни се лижете, си…

По пресконференцијата, Апасиев повторно во негов сил…

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

(Видео) Апасиев: Предлагаме граѓански устав со НАЦИОНАЛНА…

Нека си направи и Бугарија Рамковен договор,…