Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд
Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд, изјави премиерот Кристофер Луксон, додека неговата нова влада се обидува да го промени падот на писменоста во земјата.
Ние сакаме нашите деца да учат, а нашите наставници да подучуваат. Овој потег ќе го запре нарушувачкото однесување и ќе им помогне на учениците подобро да се фокусираат, рече Луксон.
Училиштата во Нов Зеланд некогаш можеа да се пофалат со забележителни резултати на писменост, но нивото на читање и пишување падна во последниве години до тој степен што некои истражувачи стравуваат дека има сериозна криза во училиштата.
Истражувачите од новозеландската добротворна организација „Едукејшн Хаб“ предупредија на криза со писменоста во 2022 година, кога открија дека повеќе од една третина од 15-годишниците едвај знаат да читаат и пишуваат.
Јасно е дека мора да се направи нешто за да се реши загрижувачки ниската стапка на писменост во Нов Зеланд, предупредија истражувачите.
Премиерот Луксон рече дека телефоните во училиштата ќе бидат забранети во првите 100 дена на функцијата, усвојувајќи политика која веќе е тестирана со различни резултати во САД, Велика Британија и Франција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…