(Фото) Велосипедист падна на Водно и скрши колк, на помош дојдоа и граѓани за да го пренесат до амбулантното возило
Денес околу 15.00 часот велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пашачка патека под средно Водно.

По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.
Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиство во Ѓорче Петров
На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР…
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите…
Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по…
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…