Меѓународна полициска акција во Србија, уапсени 160 лица

t

Во меѓународна полициска акција, која делумно беше спроведена на територијата на Србија во текот на ноември, запленето е значително количество дрога и оружје, при што се уапсени вкупно 160 лица.

Министерството за внатрешни работи на Србија на 2 декември соопшти дека тоа е направено во меѓународната акција „SEE JAD 2023“, во рамките на „EMPACT Firearms“, односно „Заеднички ден на акција на Југоисточна Европа 2023“.

Во акцијата, која беше спроведена со поддршка на меѓународни и регионални безбедносни организации, уапсени се 121 лице, од кои повеќето осомничени за кривични дела поврзани со дрога, додека останатите се уапсени за кривични дела поврзани со оружје, илегално преминување на граница и фалсификување документи.

Запленети се 59 парчиња огнено оружје, 4 рачни бомби, 2 рачни противоклопни ракетни фрлачи, речиси три илјади парчиња муниција од различен калибар, но и 35 килограми марихуана, амфетамин, хероин, кокаин и 2.830 различни таблети.

Спречен е и илегален влез на 521 нерегуларен мигрант на територијата на Србија, а на територијата на државата се откриени 58 нерегуларни мигранти.

Покрај Србија, во акцијата учествуваа и земјите од Западен Балкан, Молдавија, Украина, земјите од Европската унија, како и Турција и Велика Британија. Акцијата беше целосно поддржана од многу меѓународни организации, меѓу кои Интерпол и Европол.

„Акцијата беше спроведена врз основа на претходно собрани разузнавачки информации, а за време на акцијата лидер беше Шпанија, која раководеше со оперативните активности, додека Европол координираше, собираше и разменуваше информации меѓу земјите учеснички и нивните проверки на теренот“, се вели во соопштението.

Се додава дека се вршени зголемени контроли на одбрани гранични премини, додека сајбер патролите контролирале веб-страници, форуми, социјални мрежи и дарк веб.

„За време на акцијата беше формиран координативен центар во Република Македонија, во Скопје, составен од поединечни претставници на полициите на земјите учеснички, кој имаше и претставник од Одделот за криминалистичка полиција на МВР на Србија“, се наведува во соопштението.

На територијата на Србија во акцијата учествувале вкупно 4.368 полицајци од различни сектори на Министерството за внатрешни работи на Србија, кои провериле речиси 23 илјади лица, над 16 илјади возила, а пребарале и 140 станови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…

Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…

Проектот за уредување на коритото на реката…

Затвор за разговор со странски новинари: Иран…

Иран го заострува притисокот врз медиумите со…