Силен земјотрес во Грција

t

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 10 часот и 38 минути во областа на градот Мегалополи, Централен Пелопонез, јавија грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 10 километри североисточно од центарот на градот во јужна Грција, покажуваат податоците на Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.

Според ТВ Скај, потресот бил почувствуван во префектурите Аркадија, Илија и Месинија. Според заменик-градоначалникот на Мегалополис, Димитриос Сиембос, земјотресот не бил силен и не предизвикал никаква штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…