Претрес во политичка партија заради убиството на Вања Ѓорчевска
Вечерва Министерството за внатрешни работи врши претреси по седишта на политички партии по убиството на младата Вања Ѓорѓевска.
Како што пишуваат медиуми, претрес е извршен и во партијата на Љупчо Палевски каде се бараат докази за наводна вмешаност во смртта на младата Вања Ѓорчевска.
Министерството за внатрешни работи денеска го пронајде и исчезнатиот Панче од Велес кој беше пронајден мртов а осомничени се истите лица и за убиството на младата Вања Ѓорчевски.
Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.
Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.
Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…
Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…