Прости Вања, наставниците не умеат да ја решат оваа задача, напишаа од училиштето во кое учеше таа

t

„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“ Ова се трогателните реченици со кои на социјалните мрежи од Основното училиште Ј.Х. Песталоци се простија со девојчето кое беше грабнато, па убиено. Вања учеше во деветто одделение и следната година требаше да ја прослави својата полуматура. Да го живее животот ја спречија оние што ја грабнаа, а потоа ја убија. Меѓу неколкутемина осомничени за овој свиреп настан е и нејзиниот татко Александар.

Книга на жалост за смртта на девојчето денес ќе биде отворена во училиштето во кое таа учеше. Повикани се сите оние што сакаат да оддадат почит и да се потпишат.

„Менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за денешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан“, соопшти Општина Центар.

Градоначалникот Герасимовски и сите вработени во Општина Центар изразија најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Вања.

„Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат во најкус рок, ги повикуваме институциите да го расветлат целосно случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединети во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека ѝ е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори“, објавија вчера од општина Центар.

Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност од сторување на ново кривично дело тројца осомничени за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска завршија во притвор во Истражниот затвор во Шутка.

Како што претходно објавивме, осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во 48-часовен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка организира превоз за клиентите на…

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…

Драма на небото над Србија: Воени ловци…

Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…