Австриската полиција користи дронови за да ја надгледува границата меѓу Србија и Македонија
Австриската полиција користи дронови за да ѝ помогне на Србија да ја надгледува границата со Македонија, изјавија за австриската агенција АПА во министерството за внатрешни работи во Виена.
„Апсолутно е неопходна блиска прекугранична соработка во борбата против бруталните шверцери на луѓе. Затоа, знаењето на австриските специјалисти за дронови се бара и на границата на Србија и Македонија“, изјави за агенцијата министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.
Според АПА, властите во Белград минатата недела иницираа интензивни мерки на границата со Македонија и Бугарија, што резултираше со значително намалување на илегалната миграција во Австрија, односно граничните премини во областа на провинцијата Бургенланд/Градишќе, која граничи со Унгарија.
Според АПА, тоа е поврзано и со зголемените контроли по мигрантските рути и со зголемените патроли на австриската полиција на границата со Унгарија.
Според министерството во Виена, повеќе од сто австриски полицајци во моментов се вработени во одредени балкански земји и во Унгарија. Во Србија се стационирани 13 полицајци кои поседуваат најсовремена опрема како автобуси со системи за термичка слика и дронови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tрамп со брутална порака до Иран: „Она…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Русија издаде налог за апсење на правнукот…
Русија го бара правнукот на Кенеди оти…
Седум активни пожари низ Македонија
На ден 17.08.2026 година, до 18:00 часот,…
Нови седум осомничени за транспорт на марихуана…
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари…
Клековски повика на празнење на базените поради…
Мерките за справување со епидемијата на западнонилска…