Бугарско МВР: Немаме информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на бугарска територија

t

Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител на двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, не е во Бугарија, соопшти за „Слободен печат“ денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Информацијата дека Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Спасовски нагласи дека осомничениот Палевски по убиството на Вања, со автомобил заедно со својот адвокат тргнал до Белград, од каде следниот ден заминал во Бугарија.

-Нема информации дека по ова лице се трага во Бугарија или дека се бара со меѓународна потерница. Во моментов нема информации дека се наоѓа на бугарска територија, соопшти бугарското МВР за „Слободен печат“.

Министерот Спасовски истакна дека МВР ќе стори се за да го пронајде и изведе пред лицето на правдата, како што рече, „монструм“, кој кривичното дело го извршил од користољубие.

-Можам да ветам дека ќе сторам се, и јас и институцијата ова лице или ако сакате подобро овој монструм, на кјој му ја следиме трагата час поскоро, штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата.

На страницата на Интерпол до овој момент се уште не е издадена меѓународна црвена потерница по Љупчо Палевски, како барано лице за двојно убиство во Македонија.

Бидејќи случајот е во предистрага се уште не може да се издаде меѓународна потерница по осомниченото лице, нагласи обвинителот Гаврил Бубевски и додаде дека за убиствата обвинителството ќе побара максимална казна, а тоа во нашата држава е доживотен затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…