Денеска се празнуваат Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

t

Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „Твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида, сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабошците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги биеја, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Така ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадија од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодоа со ножеви. На тој начин овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот, и се престави кај Господа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес е мал Велигден: На една недела…

Во недела е Томина Недела или Нова…

Денеска се празнуваат Светите девет маченици во…

Овие деветмина храбри маченици, во кои гореше…

Денеска се празнува Животоприемен извор

На овој ден се празнува обновувањето на…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ…

Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше…

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист…

Му беше сопатник и помошник на апостолот…