Кој е во Минхен тешко ќе се врати со авион
Поради замрзнат дожд кој ја зафати областа, аеродромот во Минхен денеска повторно суспендира летови.
Портпаролот на аеродромот потврди за ДПА дека сите писти се замрзнати поради замрзнат дожд. Нема да има полетувања или слетувања најмалку до пладне.
На онлајн распоредот на пристигнувања и полетувања на летовите на аеродромoт, сите наведени летови се откажани или одложени.
– Аеродромските писти и паркингот ќе бидат одмрзнати во првата половина на денот. Планот е да се овозможи воздушниот сообраќај да продолжи од пладне, соопшти аеродромот на својата веб-страница.
Сепак, се претпоставува дека повеќето летови во остатокот од денот исто така ќе мора да бидат откажани поради безбедносни причини.
Новиот прекин доаѓа само 48 часа откако аеродромот продолжи со работа по дводневното затворање поради обилните снежни врнежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Директорот на „Рајанер“ ја нарече Урсула фон…
Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ја…
Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…
„Ти си ми златна и бисерна, малечка…
На денешен ден, 20 октомври, во 1915…
Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…
Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…