Општина Карпош добива овластен просветен инспектор

t

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош расправаа и полноважно одлучуваа по 16 точки кои се најдоа на дневен ред. Во таа насока, мнозинството во Советот ја поддржа Предлог – Одлуката за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник – овластен просветен инспектор, преку трајно преземање, во Секторот Инспекторат на Општина Карпош. Основна работна цел на инспекторот ќе биде вршење на инспекциски работи и надзор, од областа на просветната и образовната дејност во основните училишта кои функционираат на територија на локалната самоуправа.

Имено, овластеното лице ќе има обврска да врши инспекциски надзор над спроведување на постапката за основање и престанок со работа на воспитно – образовните установи кои се основани од Општината, а ќе врши и надзор над исполнување на условите за работа на воспитно – образовните установи основани од локалната самоуправа. Инспекторот ќе има овластување да врши надзор над процесот на запишување на основците во училиште, како и над запазување на опфатот на учениците, согласно со реонизацијата на основните училишта, информираат од локалната самоуправа.

Тој ќе врши инспекциски надзор над спроведување на превозот, исхраната и сместувањето на основците во училиштата, како и над исполнување на условите за избор на наставници и стручни соработници во основните училишта. Просветниот инспектор според описот на работните задачи ќе врши надзор над спроведување на постапката за формирање на училишните органи во воспитно – образовните установи, а ќе биде овластен да врши и инспекциски надзор над средствата кои основните училишта ги стекнале од сопствени извори.

Во рамки на седницата, советниците ја изгласаа и Одлуката за одобрување на финансиски средства во висина од 250.000 денари, за поправка и санација на постоечки лифт во станбена зграда на ул. „Никола Русински“ бр. 10/2. Со истата динамика беа изгласани и предлозите за измена и дополнување на Програмите на Општина Карпош, од областа на екологијата и енергетската ефикасност, како и Програмата од областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2023 година.

Поддршка од Советот добија и четири точки од технички карактер, меѓу кои влегуваат и Предлог – Одлуките за усвојување на техничка исправка на урбанистички план за градежна парцела 4.4.5 од ДУП МЗ Влае 1, дел Б, за градежна парцела 1.13 од ДУП МЗ Влае 1 нас. Маврово и Водовод, за градежна парцела 5.1.16 од ДУП (измена и дополна) за населба Влае 1, дел Б, како и за градежна парцела 3.6.10 од ДУП (измена и дополна) за населба Влае 1, дел Б.

„Зелено светло“ од Советот на Општина Карпош добија и двете Предлог – Решенија за верификација на членови на училишниот одбор, на ООУ „Вера Циривири Трена“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…