(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНА СНИМКА од движењето на „Цитроенот“ во кој била Вања!
Новинарот Фуркан Салиу вечерва објави снимка која покажува кога точно автомобилот „Цитроен“ поминува низ една скопска населба, која што е во близина каде што е најдено телото на убиената Вања Ѓорчевска (14), но и времето кога е опожарено возилото.
– Во 07:55 две возила кои го извршиле грабнувањето и убиството на Вања поминуваат низ улицата број 1 во населба Визбегово. Анализирајќи ги снимките, се забележува дека во возилото „Цитроен“ каде што според сомневањата била Вања, освен шоферот, има уште еден човек на совозачкото место. Двајцата носат црни капи, а задниот дел на возилото е празен. Друг битен детал забележавме во багажот на возилото, бел објект што наликува на вреќа, објавено е во видеото.
Населбата Визбегово се поврзува со селото Бразда, каде што и беше пронајдено телото на Вања Ѓорчевска.
– Во 09:37 часот. После еден час и 37 минути возилото е запалено. Чадот доаѓа од истиот правец од каде што е најдено опожареното возило, кое што не е далеку од локацијата каде што е пронајдено и телото. Останува да се објасни како и кога е убиена Вања Ѓорчевска. Дали била веќе мртва кога стигнале во Бразда или е убиена откако осомничените ги фатило паника, како што велат институциите, објави Салиу во видеото кое го објави Portalix.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…
Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…