СЗО: Ситуацијата во Газа се влошува секој час

t

„Ситуацијата се влошува секој час“, изјави претставникот на СЗО во Појасот Газа, Ричард Пиперкорн, на новинарите преку видео врска, додавајќи: „Бомбардирањето се интензивира насекаде, вклучително и овде во јужните области, Кан Јунис, па дури и Рафах“.

Пиперкорн рече дека хуманитарната помош што стигнува до Газа е „премногу малку“ и дека СЗО е многу загрижена за ранливоста на здравствениот систем во густо населената енклава бидејќи сѐ повеќе луѓе се движат кон југ за да го избегнат бомбардирањето.

„Сакам да објаснам дека хуманитарната катастрофа станува сѐ поголема“, рече тој.

Пиперкорн рече дека СЗО ја исполнила наредбата на Израел за преместување на залихите од складиште во Кан Јунис. Тој рече дека биле предупредени дека областа „најверојатно ќе стане област на активни борби во наредните денови“.

„Сакаме да бидеме сигурни дека навистина можеме да испорачаме основна медицинска нега“, рече тој. Израел негира дека побарале евакуација на складиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милановиќ: Стоиме пред сосема нови предизвици, би…

Денес стоиме пред сосема нови предизвици, во…

Негативен природен прираст во третото тримесечје –…

Во третото тримесечје од 2026 година во…

Сиљановска-Давкова: Чупиќ му даде предност на Охрид…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува дополнително подобрување на…

Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И…

На 26 ноември 2026 година во 10:15…

Регулаторна потврди – од први декември парното…

Регулаторна потврди, парното од први декември поскапува…