“Изненадување”: Путин ќе се кандидира за претседател на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со еден од добитниците на државната награда за херојство во специјална воена операција во Украина изјави дека има намера да се кандидира за нов претседателски мандат, пренесува Спутник.
Ова им го кажаа на новинарите учесниците на разговорот со претседателот по доделувањето на наградите во Кремљ.
Претседателот на парламентот на ДНР и командантот на баталјонот „Спарта“, Артјом Жога, му се обратиле на Путин со соодветно барање, а Путин се согласил, наведуваат тие.
Сегашните овластувања на рускиот претседател истекуваат на 7 мај следната година.
Изборите за претседател на Русија ќе се одржат од 15 до 17 март 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…