Истражување: Србите имаат 50% словенска генетика, останатото е старобалканско потекло

t

Денешните Срби имаат околу 50-60 отсто словенско потекло, а останатото е генетиката на старобалканското население измешано со доселеници од Анадолија, од урбаните центри како Константинопол и Ефес, покажале резултатите од истражувањата за потеклото на Србите и другите балкански народи, јави дописникот на МИА од Белград.

Тие резултати под наслов „Геномската историја на Балканот од римската граница до словенските миграции“ беа објавени во угледниот светски магазин „Cell“.

Користејќи ги најновите геномски технологии и истражувајќи ја античката ДНК на Балканот, тим на истражувачи од Србија, Шпанија и САД го покажаа континуитетот на гените на денешното српско и старобалканското население уште од бронзеното доба.

Истражувањето го иницираа истражувачите од Биолошкиот факултет во Белград, професорите Миодраг Грбиќ, Жељко Томановиќ, дописен член на САНУ и професор Душан Кецкаревиќ, како и истражувачите од Археолошкиот институт Илија Микиќ, Миомир Корач и Снежана Голубовиќ, во соработка со Универзитетот во Барселона и Харвард.

Со анализа на древната ДНК на повеќе од 30 локалитети, истражувањето покажува пресек на генетски промени и миграции на населението на Балканот, низ повеќе од два милениуми.

Утврдена е ДНК секвенцата на повеќе од 140 скелети од периодот од 1 до 10 век од Србија, Македонија, Бугарија, Романија, Албанија и Грција.

По првпат беа секвенционирани и геномите на модерната популација.

Според професорот Миодраг Грбиќ, потврдено е дека во 6. и 7. век имало масовни словенски преселби кои оставиле длабока генетска трага кај сите народи на Балканот.

И Хрватите, Романците и Бугарите имаат околу 50-60 отсто од словенската генетика. Одејќи кон Грција, тој процент паѓа на само четири до 20 проценти на грчките острови.

– Различните јазици, религијата и култура укажуваат на демографски и културни процеси во текот на милениумите на историјата, иако тие се генетски многу блиски – изјави професорот Душан Кецкаревиќ

Тој додава дека анализата на денешниот геном покажува најголема генетска блискост на Србите, Хрватите и Романците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинескиот претседател од Белград: Кина ќе работи…

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џингпинг,…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Курти: Србија шири пропаганда за насилство врз…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека секој…

Џипинг за српска „Политика“: Нека светлината на…

Авторски текст на Претседателот на Народна Република…

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…