АЛБАНСКИОТ „НАРКО-БАРОН“ ЧЕЛА УАПСЕН НА КОСОВО: Судот во Урошевац му одреди мерка притвор од 40 дена

t

Косовската полиција соопшти дека го уапсила 55-годишниот албански државјанин Гзим Чела, познат како „нарко-барон“ по кого е распишана потерница од надлежните органи во Албанија, бидејќи е осуден на затворска казна од поранешниот Суд за тешки кривични дела во матичната држава, како и од италијанските правосудни органи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Полицијата денеска информира дека Чела бил уапсен вчера околу 17:55 часот во селото Дарданиа кај Урошевац, додека бил во стан на државјанин од Косово со иницијали А.И. Косовскиот државјанин е осомничен дека подолго време го криел Чеља во својот стан.

Основниот суд во Урошевац го одобри барањето на Основното обвинителство Урошевац, за определување притвор од 40 дена на обвинетиот Гзим Чела, побарано од властите на Албанија, врз основа на меѓународна потерница поради основаното сомнение дека сторил кривично дело трговија со наркотици, производство и недозволено држење воено оружје и муниција.

Во соопштението се наведува дека во моментот на апсењето, албанскиот „барон на дрогата“, покрај од косовскиот државјанин, бил придружуван од две девојки од Албанија, кои биле во станот со нив.

При претрес на станот, полицијата пронашла автоматско огнено оружје АК-47 со 15 куршуми.

Според медиумите во Албанија и Косово, Чела е познат по трговијата со дрога која доаѓала од Турција преку Бугарија, Северна Македонија и Албанија, кон Косово и западноевроpските земји.

Во неговата вила во селото Фушекуќе, во околината на градот Лежа во северозападна Албанија, во 2015 година било пронајдено количество од 18 килограми кокаин.

Албански надлежен суд на Чеља му одредил безбедносна мерка затвор за сторени кривични дела „Трговија со наркотици“, извршени во соработка, во рамки на здружена злосторничка група и „Извршување кривични дела од криминална организација и здружена злосторничка група“.

Тој е осуден на казна затвор во траење од 10 години и 8 месеци од поранешниот албански Суд за тешки кривични дела за сторени делата „Трговија со наркотици“ и „Неовластено производство и поседување оружје и воена муниција“. Исто така, во 2012 година италијанските правосудни органи го осудиле на 19 години, 9 месеци и 29 дена затвор, за сторени кривични дела „Организирање на илегална миграција“ и „Криминална организација за експлоатација на проституција“, согласно италијанскиот Кривичен законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Поло“ запрено кај Струмица, возачот предал марихуана…

На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од…

(Видео) Стотици туристи во опасност, започната е…

Две лица загинаа во пожар што избувна…

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани…

Центарот за управување со кризи попладнево информира…

(Видео) МВР објави видео од марихуаната која…

ОД МВР информираат дека со повеќемесечна истрага…

Ердоган пред 100 илјади луѓе: Ако Бог…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави…