СВР Скопје за видеото во кое лице напаѓа случајни минувачи, познаници се скарале, па се смириле

t

МВР ги демантира дезинформациите во врска со денешна објава во која машко лице напаѓа случајни минувачи во Ченто. Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба преземени се оперативни мерки и случајот е расчистен, а лицето е пронајдено и со него е извршен службен разговор.

Имено, станува збор за Љ.С.(57) од Скопје, со престојувалиште во скопско село, кој појаснил дека инцидентот кој го направил, односно на кој е снимен и објавен на портали и социјални мрежи бил насочен исклучиво кон неговиот познаник А.Д.(51), од скопско, со кого имаат нарушени пријателски односи, при што немал намера да го нападне, туку само го турнал и влечел. Исто така, извршен е разговор и со А.Д., кој го потврдил исказот на познаникот и изјавил дека малку подоцна меѓусебниот проблем го надминале и се смириле.

Од страна на Полициска станица Гази Баба против Љ.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека лидерката…

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените…

Европската Унија ги оцени како длабоко загрижувачки…

Виткоф: постигнат дипломатски напредок во напорите за…

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, по денешната…

Првични извештаи за засилена активност на израелската…

Засилена активност на израелското воено воздухопловство е…

(Видео) Голем пожар на дива депонија меѓу…

Голем пожар избувна на дива депонија лоцирана…