(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу Мицкоски и Палевски – еве зошто избега од прашањето за средбите во неговиот дом

t

Maкедонската јавнос е во шок по деталите кои Филип Петровски ги изнесе во најновото издание на Сајбер Команда, а се поврзани за релациите помеѓу Христијан Мицкоски и Љупчо Палевски – Палчо кои започнуваат уште во далечната 2017-та година како почеток на една „плодна соработка“.

На барање на пошироката јавност, Инфомакс се одлучи и посебно да ги објави сите скриншоти, видеа и материјали користени во најновото издание на Сајбер Команда. Погледнете.

Првиот скришот кажува многу и се однесува на објава на Палевски на 29 јули 2017-та година во која што тој отворено го фали Мицкоски.

Вториот скриншот кој е од објава на Палевски од 20-ти декември 2017-та година кажува уште повеќе бидејќи упатува дека Мицкоски и Палевски не само дека лично се познавале туку дека и тие биле пријатели.

Наредните неколку скриншоти говорат за поддршката која Палевски ја давал за Мицкоски во овој период нарекувајќи го трофазен ректор, давајќи му поддршка и поставувајќи го клучното прашање, кое е лицето кое ги запознало и спријателило?

Наредните неколку скриншоти се фотографии и објави од Палевски од протести во организација на Мицкоски на кои што тој присуствувал.

Да не заборавиме дека Палевски беше и висок функционер на партијата на Солза Грчева, Глас за Македонија која во моментов е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски.

Но поддршката помеѓу двајцата била обострана, па така Мицкоски сериозно бил загрижен за здравјето на Палевски кога беше нападната на 17 септември 2020 година, а неговата загриженост беше толкава што Мицкоски организираше протести за насилството врз Палевски.

Од протсетот за Палевски кој го организираше Мицкоски има и видео во кое Мицкоски директно го споменува Палевски како жртва на режимот, односно мафијата на СДСМ.

Не само што Мицкоски го коментира Палевски на протест туку и медиумските полтрони на Мицкоски повикуваат на насилство, одмазда и самоодбрана поради нападот на Палевски.ж

Загриженоста на Мицкоски не завршила тука за Палевски па било објавено и соопштение од ВМРО-ДПМНЕ квалификувајќи го нападот врз Палевски како обид за убиство.

Проблемите и главоболките за Мицкоски не завршуваат тука затоа што низа партиски функционери и коалициони партнери исто така даваат поддршка за Палевски и се сериозно загрижени за здравјето на Палчо што значи дека имало партиска директива за вакви статуси.

Но тоа не е се бидејќи член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков повикал на обединување со Палевски, а неговата објава се поклопува со периодот кога Палевски требало да стане член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ова немаше да биде изолиран случај затоа што претходно на парламентарните избори некогашниот пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац се најде на листата за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски.

Погледнете како Мицкоски избега од прашањето за средбите со Палевски:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Уште пред Нова година знаев дека…

Уште пред Нова година знаев дека коалицијата…

Пендаровски: Мојата идеја за европска Македонија не…

Резултатите се јасни. Сакам соогласно резултатите кои…

Кичевчанец во казино во Охрид се коцкал…

Кичевчанец пуштил во оптек лажни евра во…

217.533 ЗА ВМРО-ДПМНЕ, 90.151 ЗА ДУИ, 73.922…

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што…

На избирачко место во Гази Баба ќе…

Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната…