Екипа на „Јутарни лист“ во училиштето на Вања
Една хрватска новинарска екипа, мотивирана да дознае што повеќе детали за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска разговарала со експерти и граѓани на Скопје и единствено таа е пуштена во училиштето на убиената Вања.
Тие разговарале со директорката на Песталоци, со класната на Вања, но и со соседите на убиеното девојче.
Од училиштето до домот на Вања ни требаа 10 минути. На третиот спрат е станот во кој Вања живееле со мајка и и сестра и. Татко и Александар, иако родителите биле разведени, често престојувал во станот на третиот спрат. Тој неа ја обожаваше, се грижеше за девојчињата и до нивната десетта година не работеше, па таа приказна дека дал информации на грабнувачите, звучи неверојатно. меѓутоа ден откако Вања исчезна, тој наводно се распрашувал дали камерите го снимиле автомобилот со кој е киднапирана, ги пренесуваат изјавите на станарите, новинарите на Јутарњи.хр.
Екипата пишува дека во истата зграда, стан имал и Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиството на Вања и 74годишниот Панче Жежовски од Велес. Тој ја градел зградата на земјиштето кое со денационализација и било вратено на семејството на мајката на Вања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…