„Бугарија да ги гарантира правата на македонското малцинство“, бараат ОН

t

На македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собир и здружување. Поради ова постои загриженост, се вели во новиот извештај на Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Обединетите нации (ОН).

„Комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација, вклучително и Македонците и Помаците. Сепак, Комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слобода на собирање и слобода на здружување“, стои во забелешките за Бугарија од ОН.

Во извештајот уште се наведува дека постојат пречки за регистрација, односно македонските здруженија се одбивани од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите.

Официјалната позиција на Бугарија е дека не постои македонско малцинство на нејзина територија, а со посебна декларација во Европската Унија изјави дека не го признава македонскиот јазик.

Бугарија не ги почитува ниту 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права, а за тоа беа потсетени минатата година од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа. Тогаш беше побарано Бугарија да дозволи и регистрација на здруженија чија цел е признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Комитетот препорачува државата членка да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на ефективно уживање на човековите права од страна на лицата кои припаѓаат на етничките малцинства, вклучително и македонските и помачките малцински групи, вклучително и преку спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, релевантни на правото на слобода на изразување и слобода на здружување“, стои во извештајот на Обединети нации за 2023 година.

Од друга страна пак Македонија ја има обврската за внесување на Бугарите во Уставот. Чекор кој мора да се направи, за да се продолжи по европскиот пат. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, сè уште е оптимист.

„Пораката на американскиот државен секретар до ВМРО беше порака каква што не сме слушнале во историјата на оваа држава. Порака од нашиот најголем стратешки партнер, каде му вели на лидерот на опозицијата дека ако не покаже која е алтернативата, не би имал никаква вредност од него, т.е. Немаше ни да гласам. Сега е нашата идеална можност и не може народ да биде заложник на група националисти. Македонија може да остане изолирана бидејќи некои земји ќе се движат побрзо и ќе бидеме заборавени. Уставните измени треба да се случат пред мај“, изјави вчера Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Денеска на 10 ти декември, низ целиот свет се одбележува Меѓународниот ден на човековите права и оваа година се одбележуваат 75 години од декларацијата за човекови права на ОН. Според неа „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова драма на Евровизија: Холанѓаните го бојкотираат…

Нема крај на драмата и бојкотите во…

Зеленски: Расипување на руските планови за офанзива…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави вечерва…

Српската претставничка на Евровизија: Горда сум што…

Годинешниот евровизиски фаворит на Србија е Теодора…

(Фото) Бугарката со најголеми усни во светот…

Бугарската интернет сензација, 26-годишната Андреа Иванова, не…

Папата Франциск: Војната е измама и пораз,…

Војната е измама, а мирот се постигнува…