ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Вања и Панче

t

Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста.

– Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…

Украле 3.5 милиони евра и избегале од…

Два цели денови им беа потребни на…