Американски Ф-16 се урна над Жолтото Море
Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија денеска американските сили во Кореја (USFK).
Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК.
Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува.
Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…
Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…
На 26 август ќе започне изградбата на…
Премиерот Христијан Мицкоски најави интензивирање на градежните…
Во септември се очекува покачување на пензиите…
Пензионерите во Македонија во септември се очекува…