Пендаровски: Двојното убиство го извлече занемарениот факт дека радикални структури се активни кај нас и може да резултираат со трагични последици
Сè почесто сме сведоци на националистички провокации што доаѓаат од одредени политички и верски кругови, со единствена цел, преку наметнување на својот светоглед да ја нарушат стабилноста на државата и да го минираат демократскиот поредок. Ова синоќа го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски кој беше дел од конференцијата по повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември
„Добар дел од овие напади се резултат на пропагандни кампањи од странски центри или на нивна директна инфилтрација и поддршка на радикални политички организации. Неодамнешниот трагичен настан кој заврши со двојно грозоморно убиство, на површина го извлече занемарениот факт дека дел од овие радикални структури не само што се активни кај нас, туку и дека нивната политика и говор на омраза можат да резултираат со трагични последици“, рече Пендаровски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Митровденска задушница – спомен за починатите
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…