(Видео) Кузеска: Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски

t

Се уште е свеж скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин е веќе пукна нов скандал. Погледнете ја оваа фотографија. Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога. Акцијата на полицијата е од 3-ти декември а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра. Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето, праша денеска на прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски. Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин. Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоски. А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале. Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е. Прашање е дали Мицкоски е претседател на политичка партија или на некоја подземна организација – изјави Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…

Почина поранешниот американски сенатор Рокфелер, наследник на…

Џон Д. „Џеј“ Рокфелер Четврти, наследник на…

Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…