Maкедонија ги почна преговорите со ЕУ и без промена на Уставот – шокантно трдење на пратеникот и лидер на радикалната бугарска партија Преродба
Европската Унија ги отвора претпристапните поглавја со Република Македонија без земјата да ги исполни своите обврски. Ова од собраниската говорница во Бугарскиот парламент го порачал лидерот на контроверзната опозициска партија, „Преродба“, Костадин Костадинов.
Тој побарал објаснување за европскиот пат на Македонија. Според него, ако Македонија не го смени Уставот и не ги вклучи Бугарите во него, во работната група при Советот за проширување на ЕУ имало писмо со кое се дава зелено светло за преговори.
Костадинов го цитирал писмото од Советот на Европската Унија испратено до нашата земја.
„Со ова писмо всушност се отвораат претпристапните поглавја, а во РСМ се уште немаме уставни промени. Нашиот претставник во работната група на Советот за проширување со месеци се противи на одлуката да се испрати ова писм. Меѓутоа, на почетокот на ноември тој го симнал гардот или ова е став на официјална Софија“, прокоментирал Костадинов, објави „БНР“.
Македонско – бугарските односи се нарушени по бугарско вето за старт на македонските преговори за влез во ЕУ, бидејќи Бугарија не го признава македонскиот јазик и делови од историјата и се жали на дискриминација на свои граѓани во земјава. Софија минатото лето го повлече ветото за почеток на преговорите со ЕУ откако Скопје го прифати францускиот предлог кој меѓу другото, предвидува бугарскиот народ да стане дел од македонскиот Устав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…