Објавено на:

Пекол на земјата: Бројот на загинати во Газа надмина 18.000 луѓе

t

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека 18.205 лица се убиени во израелските бомбардирања на палестинската територија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламски Хамас на 7 октомври.

„Владата на Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, проценува дека се повредени 49.645 луѓе“, изјави портпаролот на министерството Ашраф ал Кидра.

Претходните извештаи наведуваа дека повеќето од жртвите во Газа се жени и деца.

Околу 1.300 луѓе загинаа на израелска страна, од кои повеќето цивили, за време на нападот на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, на првиот ден од војната, кога околу 240 заложници беа однесени во Газа.

Повеќе од 100 заложници беа ослободени за време на еднонеделното примирје кон крајот на ноември, во замена за жени и малолетници од израелските затвори.

Израел вели дека Хамас сè уште држи 117 заложници и посмртните останки на 20 луѓе кои починале во заробеништво или биле убиени во првичните напади.

Меѓу израелските жртви има 104 војници кои загинаа од почетокот на копнената офанзива во Газа на 27 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…