Спасовски: „Безбеден град“ ќе се проширува на автопатите, како и во другите поголеми градови

t

Системот „Безбеден град“ ќе се надградува, а тоа ќе значи вклучување на поголемите градови и на автопатите низ државата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надградба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три града и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на сообраќајните прекршоци“,

рече Спасовски при неговата денешна посета на СВР Штип.
Идејата, како што рече Спасовски, е системот да се прошири, пред сè, во големите градови каде што има поголема фреквенција на луѓе.

„Штип е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека истокот, подрачјето на Штип, е мирно, стабилно, меѓутоа секаде каде што имаме видеонадзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност“, додаде Спасовски во одговор на новинарското прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…

Почина поранешниот американски сенатор Рокфелер, наследник на…

Џон Д. „Џеј“ Рокфелер Четврти, наследник на…

Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…