Вјоса Османи ќе бара интеграција за Косово и регионот на Самитот ЕУ – Западен Балкан

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, отпатува за Брисел, каде што ќе ја претставува Република Косово на самитот на лидерите на Европската унија и земјите од Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштение за медиуми од кабинетот на Османи, се наведува дека на средбата на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан, косовската претседателка ќе дискутира за „потребата од забрзување на интегративните процеси во светло на тековните безбедносни предизвици во регионот и пошироко, почнувајќи од поддршката за статусот на земја кандидат за Република Косово“.

– Во рамки на Самитот, Османи ќе ги информира шефовите на државите од Западен Балкан и ЕУ за безбедносната состојба во земјата, по нападот на агресија од Србија на 24 септември, се вели во соопштението.

Лидерите на ЕУ и на Западен Балкан во Брисел, меѓу другото, ќе разговараат за процесот на проширување и европската перспектива на земјите од регионот, координацијата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и за надминување на заедничките предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…