Француска фрегата соборила дрон што му се заканувал на норвешкиот танкер во Црвено Море
Француска фрегата собори беспилотно летало што му се закануваше на танкер со нафта под норвешко знаме кога беше нападнат од јеменските бунтовници Хути, соопшти денеска француското Министерство за вооружени сили.
Фрегатата „го пресретна и уништи дронот што директно му се закануваше на (бродот) „Стринда“ и потоа го заштити, спречувајќи киднапирање, се вели во соопштението на Министерството.
Пожарот што избувна на бродот „Стринда“ е „ставен под контрола“ и нема повредени, а американскиот разурнувач УСС Мејсон потоа го спроведе бродот до Аденскиот залив, надвор од опасната зона.
Американската војска синоќа соопшти дека проектил истрелан од територија под контрола на Хутите погодил танкер во близина на брегот на Јемен, но дека нема жртви.
Инцидентот го потврдил норвешкиот сопственик на бродот.
Хутите, како Хамас и либанскиот Хезболах, се членови на „оската на отпор“ против Израел, поддржана од Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…