Силна експлозија на бомба во Атина, била поставена пред деловна зграда

t

Силна експлозија се случи во текот на ноќта пред деловна зграда во атинското предградије Пиреас, откако пред објектот била поставена бомба што предизвикала голема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозија нема повредени, а полицијата трага по лицето или лицата кои го поставиле експлозивниот механизам.

Во зградата има канцеларии на бродски компании, осигурителни компании, адвокатски канцеларии, како и продавници, а засега не се знае која била целта на поставената бомба.

Материјална штета претрпеле и околните згради и продавници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се 15 лица на грчкиот остров…

Грчката полиција денеска уапси 15 лица во…

Земјотрес во Грција

Земјотрес го потресе нашиот јужен сосед Грција.…

„Одиме на Солун“: Лани над 1 милион…

Грција минатата година била посетена од 1.128.000…

Грција остварила 16,5% повеќе приходи од туризам

Грција остварила над 16 отсто повеќе приходи…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…