Учениците се дрогирале на час, полицијата упаднала и сите ги привела

t

Скандал ја тресе Хрватска откако тројца ученици во Градежното средно училиште во Вараждин, на возраст од 16 до 18 години се приведени во полиција бидејќи консумирале дрога амфетамин за време на часовите.

Хрватски Јутарњи лист објавува дека тројцата ученици на возраст од 16 до 18 години биле приведени од полициските службеници од СВР Вараждин, додека во училиштето пристигнале нивните родители и адвокатите.

Во официјалниот медиумски извештај, полицијата од Вараждин наведува дека 18-годишникот доброволно им предал на полициски службеници проѕирна ПВЦ кеса со бела прашкаста-гумена материја налик на амфетамин со тежина од 1,4 грама, една бела гумена материја налик на амфетамин со тежина од 6,7 грама, една дигитална прецизна вага и мобилен телефон.
Службениците на полициската управа Вараждин во понеделникот извршиле претрес и во станот и другите простории што ги користел 16-годишникот, кој пред претресот доброволно предал сушено зелено гранче слично на гранка од индиски коноп, проѕирно ПВЦ, кеса со сушена растителна материја слична на марихуана со вкупна тежина од 1,8 грама и еден мобилен уред.

Истиот ден, полицијата извршила претрес во станот и другите простории што ги користел и 17-годишникот, кој пред претресот доброволно предал ПВЦ кеса со бела прашкаста материја слична на амфетамин со вкупна тежина од 0,5 грама и мобилен уред.

Хрватските медиуми го пренесуваат соопштението од вараждинската полиција според кое „сите запленети материи ќе бидат испратени на вештачење, а сторителите ќе одговараат за прекршоците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навала од странски работници во Хрватска! Се…

Во периодот јануари-март 2024 година, во ХЗМО…

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, само…

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денес присуствувал…

Хрватската индустрија расте, прометот е зголемен за…

Вкупниот промет на хрватската индустрија во февруари…

Од понеделник учениците на пролетен распуст, наставата…

Учениците од основните и средните училишта од…

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…